[ВИДЕО] Пар покажа како ги чува работите на плажа, луѓето им порачале: „Испробајте го балканскиот метод“

Точка

03/07/2026

15:12

1.524

Големина на фонт

а а а

Ден на плажа звучи како совршен начин за опуштање, но речиси сите ја имаат истата грижа – каде да ги остават мобилниот телефон, паричникот и клучевите додека се капат? Еден пар одлучил проблемот да го реши на прилично необичен начин, а нивната идеја набргу стана вирална.

Сепак, многумина им порачаа дека постои поедноставно решение – таканаречениот „балкански метод“.

Корисничката на ТикТок, Фјона, покажа како нејзиното момче ги чува нивните работи додека заедно пливаат. Наместо да замолат некого на плажата да им ги причува работите, сè ставиле во пластична кеса, добро ја затвориле и ја понеле со себе во морето. На снимката се гледа како пливаат меѓу капачите, додека покрај нив плови шарена гума на која се наоѓа кесата со нивните работи.

Покрај видеото напишала: „Кога твоето момче е премногу претпазливо, па сите работи мора да ги ставите во пластична кеса и да ги носите со себе додека пливате“.

Видеото стана хит на ТикТок и собра повеќе од еден милион лајкови.


„Научи го на балканскиот метод“

Иако многумина ја пофалија неговата снаодливост, уште повеќе беа оние кои сметаат дека постои многу поедноставен начин. „Научи го на балканскиот метод“, напиша еден корисник.

На прашањето што значи тоа, тој објаснил дека работите едноставно се оставаат под облеката или под пешкирот.

Некои напишаа дека парите, клучевите и другите вредни работи треба да се стават во кеса, да се ископа мала дупка во песокот, да се закопаат, лесно да се покријат со песок, а над сето тоа да се постави пешкир

„Тоа е многу подобро отколку да барате непознати луѓе да ви ги чуваат работите“, напиша друг корисник.

„Замислете дека сте дошле на плажа да се одморите, а некој ве замолува да му ги чувате работите. Не можете ни накратко да задремете бидејќи сте станале чувар на туѓите торби“, вели трет корисник.


Некои сепак сметаат дека идејата е одлична

Имаше и такви на кои пловечката кеса навистина им се допадна. „Всушност, ова е одлична идеја. Токму грижата за работите ме одвраќа од одење на плажа кога сум сам“, напиша еден корисник.

„Генијално за оние што патуваат сами“, додаде друг.

„Чекајте... ова всушност е навистина добра идеја“, гласи уште еден од коментарите.