Пред да тргнете на патување, задолжително исклучете ги овие уреди од струја: Многумина грешат со еден апарат што сите го имаме

Кармин

06/07/2026

14:52

665

Големина на фонт

а а а

Експертите за безбедност откриваат кои уреди е најдобро да ги исклучите пред да заминете од дома. На тој начин можете да го намалите ризикот од пожар, но и да заштедите пари на сметките за електрична енергија.

Веројатно веќе знаете дека уредите како што се греалките и фигарата за коса никогаш не треба да останат вклучени додека не сте дома. Сепак, многумина ги изненадува сознанието дека и некои други домашни уреди, како што се фритезата на топол воздух („air fryer“) или конзолата, исто така треба да се исклучат од струја пред да отпатувате.

Експертите од Лабораторијата за унапредување на домот и опрема за престој на отворено, во соработка со експерти за безбедност и енергетска ефикасност, составија листа на уреди кои секогаш треба да ги исклучите од струја пред да го напуштите домот на подолг период.

Полначи за батерии

Литиум-јонските батерии денес се наоѓаат речиси во секој дом – се користат во електрични велосипеди, електричен алат, лаптопи и многу други уреди. Иако можат да складираат голема количина енергија во мало куќиште, токму поради тоа постои ризик да се прегреат ако се оштетени или предолго останат приклучени на полнач.


Според препораките на Националното здружение за заштита од пожари (NFPA), литиум-јонските батерии не треба да се оставаат да се полнат преку ноќ. Штом целосно ќе се наполнат, потребно е да се отстранат од полначот за да се намали ризикот од прегревање. Особено е важно полначот и батеријата никогаш да не останат приклучени на струја додека не сте дома.

Се препорачува од штекерот да ги исклучите и помалите полначи, како што се оние за мобилен телефон или компјутер. Иако тие не претставуваат ист ризик од пожар, постојаниот проток на електрична енергија низ нив може дополнително да ги оптовари внатрешните компоненти, што може да доведе до нивно побрзо трошење и дефект.

Уреди што се користат на работна површина (кујнски апарати)

Малите домашни апарати, вклучувајќи тостер, мини-рерна и електричен бокал за вода, често се и подароци за домаќинството. Сепак, тие достигнуваат високи температури, што значи дека нивните грејни елементи можат да бидат изложени на ненадеен напонски удар во случај на електричен дефект или проблем во домашната електрична инсталација.


Покрај тоа, остатоците од храна, како што се трошки, масло и други запаливи материи што остануваат во уредите, можат да го зголемат ризикот од самозапалување.

Домашни системи за забава

Потрошувачката на електрична енергија во режимот на подготвеност („standby“) кај електронските уреди сочинува околу 5 до 10 проценти од вкупната потрошувачка на електрична енергија во домаќинството, според истражувањето на Националната лабораторија „Лоренс Беркли“. Уредите за домашна забава се меѓу најголемите „виновници“. Тука спаѓаат и конзолите за видеоигри, бидејќи најновите модели имаат функции како што се гласовна контрола, препознавање движења и безжични контролери кои трошат електрична енергија дури и кога не се користат.


Се препорачува активирање на режимот за заштеда на енергија, како што се „energy saving mode“ на „Xbox“ или „rest mode“ на „PlayStation“. Сепак, кога патувате, експертите советуваат конзолите целосно да се исклучат од струја.

Исто така, се препорачува користење продолжни кабли со заштита од пренапон за целата опрема за домашна забава (конзоли, телевизори, монитори и слично). На тој начин можете со еден потег да исклучите повеќе уреди, но и да ја заштитите опремата од ненадејни скокови на напонот, без разлика дали се предизвикани од удар на гром или од дефект во електричната инсталација.

Уреди за обликување на косата

Доколку имате фигаро или уред за виткање коса, веројатно барем еднаш ви се случило да го оставите вклучен. Затоа се препорачува овие уреди секогаш да се исклучуваат од струја по секоја употреба. Исто така, се советува да ги исклучувате и феновите за коса, бидејќи оштетените кабли можат да претставуваат ризик од пожар.


Бидејќи уредите за обликување на косата најчесто се користат во бањата, важно е да се спомене и значењето на GFCI штекерите во овие простории (како и во кујната). GFCI, односно прекинувачите за диференцијална струја, помагаат во спречување пожари и струјни удари така што автоматски го прекинуваат доводот на електрична енергија во случај на дефект, на пример ако кабелот е оштетен или моторот се прегрее.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk