Две лица биле приведени откако неовластено се искачиле на врвот на Емпајер Стејт Билдинг во Њујорк, една од најпознатите згради во светот.
Двојката речиси еден час поминала на самиот врв на облакодерот, над деловите што се достапни за јавноста, а според снимките што се појавиле, таму се случил и момент кој наликувал на запросување, пишува „NBC New York“.
На врвот од зградата развиле и голем бел транспарент со порака: „Кога силата на љубовта ќе ја победи љубовта кон моќта, светот ќе спознае мир.“ Двајцата биле облечени во црно и носеле маски, а биле забележани околу пладне на конструкцијата на антената висока околу 443 метри. По преговори со полицијата, тие се предале.
Романтичниот гест ги воодушеви брендовите
Необичниот и опасен потфат брзо станал инспирација за бројни брендови, кои на социјалните мрежи се пошегувале на сопствена сметка и порачале дека токму нивните производи вредат да се „искачиш до самиот врв“. Во продолжение ги издвојуваме објавите што нè насмеаја, пишува „Index.hr“.
Козметичките брендови одлучија да им дадат до знаење на купувачите дека токму нивниот бренд ќе ги одведе до врвот.
И популарните апликации за учење и работа се приклучија на трендот.
И самиот Емпајер Стејт Билдинг се пошегува на сопствена сметка. Изгледа дека не им замеруваат на романтичната двојка, бидејќи порачаа: „Кога би сакал, би го направил тоа. На 86. кат од зградата“.













