Сопругот на Софија Лорен барал таа да го оперира носот, а камерманите се жалеле дека ѝ е предолг: Поради она што му го одговорила, многумина ѝ честитаат

Кармин

02/07/2026

19:08

475

Големина на фонт

а а а

Се смета за една од најголемите икони на убавината, но додека светот ја славеше поради нејзиниот изглед, нејзиниот сопруг сметал дека славната Софија Лорен треба да коригира нешто на своето лице. Таа не се согласила на тоа, а нејзиниот одговор тој сигурно добро го запаметил.

„Сопругот ми рече дека можеби треба малку да го ‘скратам’ носот. Му одговорив: ‘Не се согласувам. Ќе си го задржам носот затоа што ми се допаѓа како изгледам’“, раскажала Софија Лорен во интервју од 1979 година.

На необичниот предлог на нејзиниот сопруг, прочуениот режисер, претходела реакцијата на камерманите на едно од нејзините први снимања.

„Имаше многу камермани. Рекоа дека носот ми е предолг и дека не можат правилно да го осветлат“, се присетила Софија Лорен на настанот од снимањето на почетокот од својата кариера.


„Мислам дека треба да ги смениш камерманите. Ако ги смениш камерманите, можеби ќе имам шанса во филмовите. Во спротивно, би морала да променам сè на себе, а тоа не го сакам затоа што ми се допаѓа како изгледам. Немав комплекси поради мојот нос... И еве ме денес со мојот нос – долг нос, но убав“, се присетила италијанската филмска дива.

Интервјуто привлече големо внимание и на Инстаграм, каде што се нижеа коментари од корисниците.

„Можеби требала да го смени сопругот“, гласи еден од коментарите, а друг напишал: „Самодовербата, карактерот, талентите те прават тоа што си, не твојот нос. Браво, Софија, одличен пример“.

Многумина на социјалните мрежи истакнаа дека одговорот на Софија Лорен ги воодушевил.


„Дами и господа, ова се нарекува самодоверба“, гласи еден од коментарите што собра голем број реакции.

На Инстаграм многумина ја истакнуваат и важноста на природната убавина, со оценки дека вештачкиот изглед, поради кој многу жени денес личат една на друга, ја изгубил својата привлечност.

„Софија немала потреба ништо да менува. Нејзината безвременска, класична убавина ги диктираше промените што другите мораа да ги прават“, напишал еден корисник.

Друг додал: „Нејзиниот нос отсекогаш бил еден од најубавите што некогаш се појавиле на филмското платно. Апсолутно е прекрасна“.


Многумина сметаат дека токму тој дел од лицето станал еден од препознатливите симболи на убавината на Софија Лорен.

Лорен беше во брак со Карло Понти од 1957 година, па сè до неговата смрт во 2007 година. Нивниот брак, меѓутоа, бил поништен во 1962 година поради правни пречки, за четири години подоцна повторно да се венчаат.

Добија двајца синови – Карло Понти Помладиот и Едоардо Понти, кој е во брак со актерката од српско потекло Саша Александер.

Карло Понти беше 22 години постар од Софија Лорен. И покрај нејзините изјави за прифаќањето на природниот изглед, и денес има такви што се сомневаат дека нејзината убавина е во целост природна.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk