Симеоне ја откри својата уникатна мундијалска приказна: Ќе ви кажам само една работа…

Дерби

29/06/2026

13:40

445

Големина на фонт

а а а

Џулијано Симеоне доби заслужена награда од својот татко Диего и се претвори во стандарден првотимец на Атлетико Мадрид благодарение на големиот труд и залагање, но се чини дека најголемата награда во кариерата сега ја доби од Лионел Скалони.

Симеоне дебитираше на натпревар на Светско првенство против Јордан и не ги криеше емоциите на натпревар на кој беше стартер, а два дена подоцна, откри и една историја која го прави неговото деби уште поспецијално.

Во 2023-та година, Џулијано заработи тешка скрешница на ногата и воопшто не беше дел од шпанскиот елитен фудбал, ниту пак имаше добиено повик за аргентинската репрезентација, но уште тогаш им порачал на блиски од своето семејство декае ќе си го исполни сонот на наредниот мундијал.

Набрзо по тешката повреда, Џулијано испратил кратка порака во семејната група на Ватсап, а сега ја сподели истата со јавноста.

– Ќе ви кажам само една работа, ќе играм на следниот мундијал…

Благодарение на напорниот труд, неизмерното залагање и вербата во самиот себе, Симеоне се претвори во фантастичен играч во изминатите три години, а сега го дочека и моментот за кое сонува секое дете.