Аргентински јутјубери влегоа на Светското првенство со истечени акредитации

Точка

29/06/2026

09:01

398

Големина на фонт

а а а

Двајца аргентински јутјубери беа уапсени на стадионот „Hard Rock“ во Мајами, откако со истечени акредитации успеале да поминат низ три нивоа на обезбедување и да влезат на натпреварот меѓу Колумбија и Португалија.

Популарните аргентински јутјубери Лаутаро Мармол (20) и Патрисио Перота (26), наводно користеле истечени акредитации од претходни натпревари на турнирот и успеале да ги заобиколат трите безбедносни контроли, стигнувајќи до главниот простор на стадионот.

Мармол веднаш им признал на полицајците дека е инфлуенсер и дека сакал во живо да го пренесува натпреварот за своите следбеници. Од друга страна, Перота тврдел дека бил ангажиран од медиумска куќа и дека верувал оти неговите акредитации сè уште се важечки.

Судија во округот Мајами-Дејд брзо утврдил основано сомнение против двајцата и им одредил кауција од околу 2.200 евра по лице, по што ноќта ја поминале во поправниот центар „Turner Guilford Knight“.

Двајцата јутјубери биле само дел од вкупно 16 лица кои полицијата ги уапсила таа вечер. Организаторите на турнирот, како и претставниците на јутјуберите, засега не се огласиле јавно во врска со безбедносниот пропуст.