Поранешен холандски репрезентативец оди против „лалињата“: Ќе навивам за Мароко во 1/16 финалето

Дерби

29/06/2026

15:00

321

Големина на фонт

а а а

Ибрахим Афелај беше холандски репрезнтативец цели 9 години и ги бранеше портокаловите бои на „лалињата“ на Европско и Светско првенство, но кога е во прашање претстојниот елиминациски меч кој следи, некогашниот играч на Барселона го бира Мароко.

Афелај им даде предност на своите корени без оглед на тоа што Холандија му понуди се како профеисонален фудбалер, па во последното гостување на телевизија, призна дека на претстојниот натпревар за Светско првенство ќе навива за Мароко.

Мароканците ќе ги предизвикаат Холанѓаните во еден од највозбудливите 1/16 финални дуели, а изјавата на Афелај дополнително го зголемува публицитетот за оваа средба.

– За натпреварот кој следи, моето срце оди кон Мароко. Моите корени и моите почетоци се во Мароко, моите родители се Мароканци и цело мое семејство живее таму.

– Што можам повеќе да се објаснувам? Точно е дека растев во Холандија и благодарен сум за се што ми даде оваа земја, но играв за репрезентацијата поради лични достигнувања и поради тоа што давав се од себе. Никој не ми подари ништо, – изјави Афелај.