Бранителката на трофејот на Вимблдон: Оваа година ќе крадам уште повеќе пешкири

Дерби

29/06/2026

15:01

345

Големина на фонт

а а а

Ига Швјонтек ќе ја брани титулата на Вимблдон и го дозна патот кој ќе го има до големото финале, но како бранителка на трофејот, на официјалниот прес како најава за турнирот одговори и на интересно прашање поставено од британски новинар.

Покрај тоа што си замина со престижниот трофеј во своите раце, тенисерката од Полска си замина и со титулата „најголем крадец на пешкири“, од едноставна причина што самата призна дека краде од фамозните пешкири после секој одигран меч.

Една година подоцна, Швјонтек откри дека не и останал ниту еден од пешкири кои ги украла минатата година, што поради сувенири кои ги подарила на свои пријатели, но и поради донирање на пешкири во хуманитарни цели.

Поради тоа, Швјонтек најави дека оваа година ќе го одржи својот епитет „крадец на пешкири“, па најави дека ќе украде уште повеќе во наредните две недели.

– Ќе морам да украдам уште повеќе оваа година, – изјави Швјонтек со насмевка на лицето, а еден од новинарите и откри дека оваа година има и лимитирана верзија на пешкири во јаготкаста црвена боја.

– Тогаш ќе мора да побарам и од новите пешкири, – одговори минатогодишната шампионка.