Ѓорческа со порака до цела Македонија: Се надевам дека ќе понудам интересен меч, навивајте од своите домови

Дерби

29/06/2026

12:16

3.332

Големина на фонт

а а а

Лина Ѓорческа ги заврши квалификациите на Вимблдон на најдобар можен начин, па така со три победи си обезбеди богата парична премија, но и најголем успех во кариерата.

За првпат во историјата во машка и женска конкуренција, главниот турнир на Вимблдон ќе има македонски претставник, а тоа е најдобрата македонска тенисерка во изминатата деценија.

По големиот вложен труд и сите препреки кои ги мина, Ѓорческа се избори за место на најпрестижниот тениски турнир, па во пресрет на своето деби на главниот турнир, ја даде и својата најава за мечот за Аманда Анисимова.


Финалистката од минатогодишното издание влегува како голем фаворит во пресметката со Лина, која пак не планира лесно да се предаде и се надева дека ќе понуди интересен дуел.

– Квалификациите ги завршив одлично. Отсекогаш знаев дека сум блиску до главен турнир, но во овој спорт, треба да ви се поклопат и коцките за да биде совршено. Сите кои се во топ 200 се сили тенисерки и не постои лесен меч. Од квалифкациите, би го издвоила вториот меч против Португалката Франциска Жорге, тој беше најтежок. На последниот меч одиграв одлично и загубив само три гејма.

– Што се однесува за мојата ривалка во првата рунда, нема многу што да се должи. Тоаа е квалитетна и комплетна тенисерка, но моја цел е да го одиграм своето и да се фокусирам на мојата игра. Мечот се игра во вторник, сите знаете дека таа е ланска финалистка и шеста носителка на турнирот. Ќе играме на еден од главните терени во Ол Ингланд клубот, се надевам дека ќе биде интересен меч. Им порачувам на сите од Македонија да гледаат и да навиваат од дома, ја чувствувам вашата поддршка и оттука, – изјави Ѓорческа.


Лина и Аманда утре ќе излезат на теренот број 2 на Вимблдон, а мечот е закажан да почне во 12:00 часот напладне.