Хрватите го вивнаа Модриќ во облаци поради уникатен јубилеј: Никогаш не сонував за вакво нешто

Дерби

24/06/2026

11:08

297

Големина на фонт

а а а

Лука Модриќ не може да биде импресионран од играта и остварената победа на Хрватска против Панама, но може да биде горд на новиот рекорд кој го постави како репрезентативец и капитен на својата национална селекција.

Модриќ оствари неверојатен јубилеј и го одигра 200-от натпревар за хрватската репрезентација, па по победата од 1:0, сите негови соиграчи се појавија на теренот со маички во чест на хрватскиот маестро.

– Фала му на Бог за победата и трите бода. Дојдовме до многу важни три бода на мундијалот. Беше тешко и не бевме најдобри, но ја посакувавме победата и стигнавме до неа.

– Имав чувство како да играме во грч и тоа се почувствува на теренот, но имавме и добри моменти како што одминуваше натпреварот. Отсега натаму, можеме само да ја подигнуваме формата и се надевам дека оваа победа ќе ни донесе самодоверба.

– Што се однесува до 200-от натпревар, неверојатно е да дојдете до таква бројка во најмилиот дрес и тоа ме прави посебно горд. Никогаш не сонував за вакво нешто. Благодарен сум на поддршката и честитките кои ги добивам. Им благодарам на сите кои беа дел од мене и кои ми помогнаа во овие 200 натпревари, – изјави капитенот.