Хрватска дефинитивно не е во посакуван ритам во раната фаза на мундијалот, па во ситуација кога претрпе пораз од Англија, најважна вест е извојуваната тешка победа против Панама.
Иако влегоа како апсолутни фаворити, „коцкестите“ се намачија за да го скршат аутсајдерот, а во првото полувреме мораа да се потпрат и на испирацијат и класата на Доминик Ливаковиќ.
И покрај тоа што нема многу среќа на клупски план, Ливаковиќ секогаш брани врвно за Хрватска, а тоа го покажа и во 23-та минута кога режираше една од одбраните на мундијалот.
Хрватскиот голман спречи чист гол и доволно ја допре топката за истата да заврши во гредата, па првото полувреме заврши со една колосална шанса за играчите од Панама и ниту една за Хрватите.
Тоа го натера селекторот Златко Далиќ да направи две напаѓачки измени и да ги стави во игра Будимир и Крамариќ, а токму тоа се покажа како клучен момент на средбата.
Набрзо по влегувањето во игра, „џокерот“ Будимир добро реагираше по одлично додавање од Станишиќ, па така Хрватска од својата прва вистинска шанса успеа да поведе.
Ова им даде голема самодоверба на Хрватите и ги натера уште поцврсто да играат во дуелите со играчите од Панама, а фактот што ја одржаа позитивата од 1:0 им ја донесе и првата победа на Светското првенство.






