Јошко Гвардиол не е во посакуван ритам и причина за тоа е повредата која ја влечеше пред мундијалот, па иако направи сериозни напори да се стави на располагање, вчера стана евидентно дека има проблеми да биде на висина на задачата.
Фудбалерот на Манчестер Сити беше еден од најлошите во катастрофалното прво полувреме за Хрватска, а тоа го натера Златко Далиќ да го остави на клупа уште на паузата меѓу двете полувремиња.
Гвардиол не се појави на терен во вториот дел и беше заменет од офанзивен соиграч, одлука која се покажа како позитивна за Хрватска со оглед на победата од 1:0.
– Не знам што би кажал за својот настап, ова дефинитивно не беше добар натпревар за мене. Едноставно не бев вклучен во играта во првото полувреме.
– На крајот, селекторот донесе добра одлука, го врати Перишиќ на позиција лев бек и внесе свежина во нападот. Тоа влијаеше позитивно врз нашата игра и навистина ми е мило што Будимир го постигна голот за победа, – изјави Гвардиол.







