Кристијано: Некои помислија дека сум пензиониран, но…

Дерби

24/06/2026

11:01

228

Големина на фонт

а а а

Кристијано Роналдо во целата своја играчка кариера навикна да им одговара на критичарите, а тоа продолжува да го прави и на залезот кога го игра последниот мундијал.

Португалскиот капитен одговори на прозивките со два гола и историски рекорд на мундијалите на средбата против Узбекистан, па по крајот на истиот и победата од 5:0, беше доволно расположен да го возвраќа ударот кон луѓето кои го критикуваа во изминатите седум дена.

– Не знам дали ви е потребен калкулатор, но веќе 23 години поминувам низ ова. 23 години сум во професијата. Секогаш кога оди добро и Роналдо е добар. Кога е лошо, јас сум пензиониран, јас сум стар и не треба да играм…

– Некои помислија дека сум пензиониран, но јас докажав дека се уште сум тука. Дадов добар одговор, јас, но и моите соиграчи. Бевме добро позиционирани, игравме добро и бевме високо поставени. Кога играме така, тешко кој може да ни парира.

– Не е чудо што постигнавме пет голови, денес во фудбалот нема лесен натпревар и затоа сум многу среќен и задоволен. Секогаш ќе бидам напаѓан кога нема да победуваме, но јас сум навикнат на тоа и немам проблем да продолжам да играм во такви услови, – изјави 41-годишниот Роналдо кој беше избран и за МВП на мечот.