Мотивацискиот говор на Арда не мина добро: Зборовите од тунелот му се удрија од глава

Дерби

15/06/2026

11:20

286

Големина на фонт

а а а

Турција имаше улога на апсолутен фаворит против Австралија и се очекуваше да освои први три бода на Светското првенство, но наместо тоа, избраниците на Винченцо Монтела беа шокирани и претрпеа пораз.

Иако Турците беа статистички подобри во сите фудбалски елементи, Австралијците беа тие кои постигнуваа голови и кои се радуваа со своите навивачи, па откако натпреварот заврши со 2:0, доста реакции на социјалните мрежи предизивка и пораката која ја испрати Арда Ѓулер.

Младата ѕвезда на Реал Мадрид се обиде да испрати мотивациски говор до соиграчите од тунелот, а зборовите кои ги употреби му се удрија од глава.

– Ние сме многу подобри од нив! Да направиме да го почувствуваат тоа од првата минута….., – гласеа зборовите на Арда.

И покрај тоа што имаше целосна иницијатива, Турција на моменти изгледаше доста безидејно во нападот, а пресудни за поразот беа головите кои ги постигнаа Иранкунда и Меткалф.