Кога големите ѕвезди реагираат како фанови: Марсело и Погба се израдуваа на автограм од Зизу

Дерби

15/06/2026

12:09

353

Големина на фонт

а а а

Светското првенство секогаш е магнет за милиони фанови од различни страни ширум светот, но и збирно место на легендарни фудбалери кои оставија своја трага во фудбалот.

Зинедин Зидан е човекот кој и ја донесе првата и историска титула на Франција на фудбалските мундијали во 1998-ма година, а речиси три децении подоцна, се уште важи за големата ѕвезда и меѓу своите колеги.

Најдобар доказ за тоа е вчерашното видео кое пристигна од Њујорк, а на кое се гледа како Зидан им дава автограми на Марсело и Погба.

Двајцата се израдуваа на потписот кој го добија од славниот Зизу, со тоа што посебно воодушевен и еуфоричен беше Погба.

Токму Погба беше важен дел од тимот кој ја освои втората светска титула за Франција пред осум години, а сега тој е составен дел од фан базата која ќе и дава поддршка на селекцијата која ја води Дешамп.