Нето со критики за Анчелоти и играчите: Лошо го бира тимот…

Дерби

14/06/2026

16:09

348

Големина на фонт

а а а

Бразилците долго време се без голем успех на Светските првенства и добар дел од јавноста помисли дека со ангажманот на Карло Анчелоти магично ќе исчезнат сите проблеми и националниот тим ќе гази се пред себе.

Кариоките одиграа реми со Мароко во првиот натпревар на мундијалот во САД, Канада и Мексико, но и покрај тоа што ова е само почеток веќе има огромни критики не само за селекторот Анчелоти и за играчите.

-Овој Анчелоти е шега. Лошо го бира тимот.Колку долго велам дека Касемиро не е способен да игра фудбал? Пакета? Малиот танц на Пакета? Тој е бескорисен.

-Ибањез? Игор Тиаго? Не. Ајде да ги промениме работите, да ги ставиме Данило Сантос, Луиз Хенрике, Рајан. Да го ставиме Ендрик, -вели некогашниот репрезентативец Нето.

-Што им направи Ендрик на овие луѓе? Не можам да разберам зошто не игра и не влегува во игра. Неверојатно е како Анчелоти немаше никаква визија во врска со замените, -додаде Нето кој е разочаран што Ендрик остана на клупата за резерви.