[ВИДЕО] Златан ја пушти Лепа Брена на американска телевизија – ова беше реакцијата на Анри, водителот веднаш го нападна Ибра со прашања

Точка

15/06/2026

09:19

2.419

Големина на фонт

а а а

Легендарниот шведски напаѓач Златан Ибрахимовиќ привлекува огромно внимание како стручен коментатор на „Fox“ за време на Светското првенство во САД, Мексико и Канада, а засега се чини дека е една од најинтересните личности на турнирот надвор од терените.

Откако зборуваше со избрани зборови за репрезентацијата на Хрватска и заедно со Тјери Анри испрати поддршка до Босна и Херцеговина, Ибрахимовиќ повторно се најде во центарот на вниманието, овојпат поради музиката од Балканот.

На социјалните мрежи се појави снимка на која Златан го пее хитот на Лепа Брена „Луда за тобом“. Поранешниот ас на Милан, Интер, Барселона и Манчестер Јунајтед ја пуштил песната на својот телефон, запеал и заиграл, обидувајќи се дел од атмосферата да му ја пренесе и на Анри, чија сопруга потекнува од овие простори.

Нивниот разговор го привлече вниманието и на поранешниот американски репрезентативец Алекси Лалас, кој љубопитно прашал за што зборува песната, додека Ибрахимовиќ продолжил да ужива во ритамот и стиховите на популарниот народен хит.

Лалас дури побарал да му кажат „како се вика бендот“, за да може да го пронајде на интернет.

Ова не е првпат Златан да промовира музика од Балканот пред светската јавност. Благодарение на него, во Италија голема популарност стекна и Нада Топчагиќ со песната „Јутро је“.

Овој хит одекна дури и на прочуениот фестивал во Санремо, а приказната за поврзаноста на Ибрахимовиќ со песната ги обиколи светските медиуми и дополнително го зацврсти неговиот статус како една од најхаризматичните спортски личности на денешницата.