Гејџи го изобличи Топурија и режираше големо изненадување во УФЦ спектаклот пред Белата Куќа

Дерби

15/06/2026

11:10

285

Големина на фонт

а а а

Историскиот УФЦ настан наречен „ UFC Freedom 250“ донесе големо изненадување рано утрово во Вашингтон, од едноставна причина што непоразениот шампион Илија Топурија претрпе голем шок од Џастин Гејџи.

Предизвикувачот му зададе тешки удари на големиот фаворит за одбрана на појасите во лесна категорија, па откако му ги затвори двете очи со жестоки удари во пределот на главата, од аголот на Топурија беа принудени да ја прекинат борбата.

Гејџи најблиску до нокаут беше во третата рунда во која целосно го раздрма Топурија, но Илија некако успеа да го дочека последниот гонг во оваа рунда, па издржа и уште една.

По крајот на четвртата, Топурија едвај дојде до аголот и седна на столчето, по што луѓето од неговиот тим решија да ја прекинат борбата.

Овој настан беше дел од прославата на 250-годишнината од независноста на САД, а истиот се одржа во Јужната ливада на Белата Куќа во Вашингтон.

За Топурија ова беше прв професионален пораз во кариерата и сега има биланс од 17:1, додека Гејџи дојде до 28:5 во својата кариера.