[ФОТО] Најбогатата музичарка во историјата покажа вистинска скромност: Носеше ѓердан од 80 долари

Кармин

11/06/2026

08:24

640

Големина на фонт

а а а

Тејлор Свифт сво вторник вечерта се појавила на премиерата на филмот „Приказна за играчките 5“ (Toy Story 5) во Лос Анџелес, каде што, покрај настапот, привлекла внимание со впечатливиот жолт ѓердан кој чини 80 долари.

Пејачката, по неочекуваното појавување на црвениот килим извела акустична верзија на новата песна „I Knew It, I Knew You“ од продолжениот саундтрак, а настапот вклучувал и дует со Ренди Њуман.


Пред да излезе на сцената, таа се пресоблекла од мини-фустан со спуштени рамена од Ердем во жолт фустан од Оскар де ла Рента украсен со цвеќиња. Нејзиниот долгогодишниот стилист, Џозеф Касел, за оваа комбинација избрал приврзок со канаринско-жолт камен во истата нијанса.

Иако ѓерданот на прв поглед изгледа како голем жолт дијамант или цитрин, всушност е модел на приврзок „Nadri Macaron Yellow Cushion CZ“ со жолт кубен циркон брусен во форма на перниче („cushion cut“). Според „Page Six“, накитот чини само 80 долари.


Меѓутоа Свифт во својата колекција има многу поскап накит од брендовите Картие, Тифани и Ко. како и свршенички прстен дизајниран од Киндред Лубек за Тревис Келс, и опали што некогаш ѝ припаѓале на Елизабет Тејлор. Сепак, таа често вклучува и многу поевтини парчиња во своите модни комбинации.


Таа претходно била видена како носи накит од брендови како „Мелинда Марија“, „Бонбонвимс“, „Витали“, „Аве Инспајрд“ и „Мазин Џуелс“. Дизајнерката Лили Низам изјавила дека е среќна што Свифт ги поддржува помалите брендови и продолжува да ги носи во јавност.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk