Агентот на Клоп експресно се огласи по најавите кои го поврзаа Јирген со преселба во Реал Мадрид

Дерби

06/06/2026

10:35

1.568

Големина на фонт

а а а

Енрике Рикелме за крај на својата претседателската кампања посочи дека негов тренерски избор е Јирген Клоп и дека ќе направи напор да го доведе Германецот со помош на Раул Гонзалес во случај да го победи Флорентино Перез, но иако неговиот план е амбициозен, од таборот на германскиот експерт потенцираат дека не е остварлив во овој момент.

Клоп во повеќе наврати се дистанцираше од неколку европски клубови во изминатите две години, а сега неговиот агент експресно ги демантираше најавите од Мадрид и заклучи дека неговиот клиент не е подготвен да се врати во клупските води.

– Ова станува веќе досадно….. Клоп е среќен со улогата која ја има во Ред Бул и останува на својот став. Нема амбиции да работи како тренер во било кој клуб, – изјави Марк Косицке во разговор со Флоријан Плетенберг, познатиот новинар на германски „Скај“.

Плетенберг во својата објава потенцира дека лично разговарал со Косицке за последните шпекулации, но добил и информација дека Клоп би направил исклучок за враќање на секојдневните тренерски обврски само како селектор.

Според инсајдерската информација на Плетенберг, Клоп би се вратил како тренер само ако добие проект каков што замислува од германската фудбалска репрезентација.