Килијан Мбапе се уште чека на својот прв голем трофеј како играч на Реал Мадрид, а прва важна работа ќе брка во својата трета сезона во која се очекува да има и низа промени во тимот.
Претседателските избори кои ќе се одржат во недела треба да означат нова траса по која ќе се движи клубот, но и покрај тоа што се најавени неколку звучни засилувања, планот е Мбапе повторно да биде главна фигура во проектот на „кралевите“.
Мбапе е горд што претставува клуб како Реал Мадрид, а во интервјуто за „Сораре“, направи мала паралела меѓу „кралевите“ и лутиот ривал Барселона.
– Реал Мадрид е токму таков каков што го замислував. За многумина тоа е најголемиот клуб во светот. Тоа мислење не го делат само фановите на Барселона. Реал Мадрид е клуб кој ви го крши срцето.
– Реал Мадрид е клуб кој претставува и отсликува величина. Барселона имаше свое влијание во историјата на фудбалот на еден или друг начин, но Реал Мадрид е најголемиот и најомилен клуб во светот. Среќен сум и горд што сум дел од овој клуб. Желен сум да испишам историја во Реал. Ако испишеш историја во најголемиот клуб во светот, автоматски испишуваш и фудбалска историја, – вели Мбапе.





