[ВИДЕО] Јамал и Роналдињо во заедничка реклама за Мекдоналдс: Бразилецот повторно го покажа фудбалското мајсторство

Точка

06/06/2026

10:28

1.488

Големина на фонт

а а а

Заедничкото видео на легендарниот бразилски фудбалер Роналдињо и младата ѕвезда на Барселона, Ламин Јамал, привлече големо внимание откако беше објавено на официјалниот профил на Мекдоналдс.

Снимката за кратко време стана вирална на социјалните мрежи, каде што собра милиони прегледи и бројни реакции од навивачите ширум светот.

„Апсолутна мајсторска класа“, пишува во описот на видеото.

На снимката, Роналдињо и Јамал се среќаваат на паркинг пред еден ресторан на Мекдоналдс, по што Бразилецот покажува импресивна контрола на топката и серија атрактивни потези без таа да падне на земја. Посебно внимание предизвика крајот на снимката, кога Роналдињо ефектно ја испраќа топката низ култното лого на Мекдоналдс во форма на буквата „М“.

Објавата брзо предизвика коментари од навивачите, кои го истакнаа спојот на фудбалското минато и иднина, потсетувајќи на техниката и креативноста на Роналдињо, додека Јамал сè почесто се издвојува како една од најголемите млади ѕвезди на светскиот фудбал.


„Кога историјата и иднината ќе се сретнат“, „Златни лакови и златни играчи“, „Часот е вечен“, беа дел од коментарите на Инстаграм.

Како што се наведува, видеото е дел од маркетиншка кампања во рамки на која Мекдоналдс поврзува фудбалски генерации и глобални спортски икони.

Инаку, Мекдоналдс собра тим од најголеми фудбалски ѕвезди во рамки на својата најголема кампања за Светското првенство во фудбал 2026, во која учествуваат Сон Хеунг-мин, Ламин Јамал, Дејвид Бекам, Тјери Анри и Роналдињо.

Како што наведе „Adweek“, кампањата ја следи промоцијата на новото мени „FIFA World Cup 26 Meal“, а централниот дел е 60-секунден промотивен спот што прикажува архивски снимки од кариерите на фудбалските легенди, по што следуваат современи, хумористични сцени во рестораните на Мекдоналдс.