[ВИДЕО] Голем трагичар: Вембањама направи две грешки во десет секунди и му подари втор брејк на Њујорк

Дерби

06/06/2026

10:50

586

Големина на фонт

а а а

Виктор Вембањама беше човекот кој го остави Сан Антонио во игра и кој направи Спарси да имаат шанса за победа до самата завршница, но откако го предводеше тимот до егал ситуација, следеа кошмарни десет секунди во завршницата.

Њујорк беше тимот кој го диктираше темпото и на вториот меч во Тексас и во добар дел се чинеше дека ќе забележи нова комотна победа (имаше плус 14 во последната четвртина) меѓутоа Спарси се изборија за трилер во финишот и имаа шанса за победа.

При резултат 104:104, популарниот Вемби прво продаде топка на противникот и Њујорк со едно погодено слободно фрлање стигна до предност од 104:105, но иако Французинот доби поправен испит, на крајот само го осигура статусот на трагичар.

Вембањама ја презема одговорноста и од полудистанца биеше за победа, но неговиот шут се одби од обрачот и Њујорк направи втор брејк во Тексас.

Победата од 104:105 дефинитивно ќе му даде уште поголема самодоверба на Њујорк, тим кој во претходните две рунди во плејофот подели две „метли“.

Трагичарот Вемби го заврши мечот со 29 поени и 9 скокови, додека кај Њујорк поените повторно беа распределени и во тимската игра до израз дојде Карл Ентони Таунс со 21 поен и 13 скокови, како и Брансон и Бриџис со по 20 поени.