Маркињос како капитен на ПСЖ ја имаше честа втора година по ред да го подигне трофејот во Лигата на шампиони, но пред да дојде ред да го направи тоа, искусниот стопер режираше и гест кој послужи како добар пример во јавноста.
Габриел Магалаеш се претвори во голем трагичар на финалето со пенал утката во петтата серија, бидејќи неговиот непрецизен удар значеше дека завршува сонот на Арсенал за прва историска титула во Лигата на шампиони.
Играчот кој беше најконстантен цела сезона имаше најлош можен крај на клупската сезона, па додека сите играчи на ПСЖ тргнаа да слават титула, Маркињос покажа големина и отиде да го утеши својот соиграч од бразилската репрезентација.
Една недела подоцна, двајцата се дел од експедицијата на Бразил, па Маркињос сега открива каква порака имал за колегата на теренот во Будимепшта.
– Бев подготвен да славам со соиграчите, но кога почнав да трчам, видов дека Габриел е пред мене и едноставно не можев да го одминам. Ми се вратија сликите од мојата пенал утка против Хрватска на Светското првенство пред четири години. Веднаш почнав да мислам на мојот соиграч, ми се активираше емпатија бидејќи знам колку е тешко да се искуси таков момент.
– Му порачав на Габриел да остане силен, му кажав дека имаше неверојатна сезона и дека одигра извонредно финале. Му порачав дека беше најдобар стопер во светот оваа сезона. Едносотавно не заслужи да „изгори“ на таков начин, но таков е фудбалот. Тој момент не може да му ја одземе извонредната сезона, која сега се надеваме ќе ја круниса со одлични изданија на мундијалот. Му реков што побрзо да го надмине тој тежок момент, сега ќе ни биде потребен за предизвиците кои следат, – изјави Маркињос.
Fairplay to Marquinhos man, the first player to go to Gabriel even before his own Arsenal teammates
— fan (@NoodleHairCR7) May 30, 2026
What a class act 👏 pic.twitter.com/H2ScMKufhp










