Хески предупредува англиски репрезентативец за трансфер во Арсенал: Ако оди таму…

Дерби

05/06/2026

07:26

752

Големина на фонт

а а а

Арсенал ја освои титулата во Премиер лигата и стигна до финалето на Лигата на шампионите во минатава сезона, а тоа сигурно ќе донесе мотив плус за уште подобри резултати во натпреварувачката 2026/2027.

Медиумите веќе најавуваат дека ќе бидат направени одредени промени, корекции од страна на менаџерот Микел Артета во летниот преоден рок, а едно од имињата кое се споменува како потенцијално засилување е англискиот репрезентативец Морган Роџерс.

Роџерс е еден од клучните играчи на Астон Вила и „топчиите“ ќе треба добро да го отворат ќесето особено ако се земе предвид фактот дека е под договор до 2031 година. Тој може да одговори на повеќе позиции во офанзивата и тоа му се допаѓа на Артета, поточно ова е основа да го видиме новиот англиски шампион во мисија за обезбедување на неговиот потпис.

Емил Хески како човек кој долго време играше го предупредува Роџерс и му порача добро да размисли дали да се пресели во Арсенал пред се поради конкуренцијата.

-Дали би било тешко да се каже не на Арсенал? Да и не. Мора да погледнете кој е пред вас во двата тима. Тој е на врвот на листата во Вила, тој е главниот човек. Ако оди во Арсенал, каде би бил во редоследот и дали одговара на начинот на кој игра?, -вели Хески.

-Тој е многу интелигентен играч, па сигурен сум дека би бил. Но, тој мора да сфати што сака од својата кариера, -додава некогашниот напаѓач.