Финалната серија во НБА лигата стартуваше со брејк на Њујорк во Тексас, но и со еден несекојдневен преки на шест ипол минути пред крајот на првиот натпревар.
Фан на Сан Антонио влета на теренот во обид да направи селфи со својот идол Виктор Вембањама, па иако најверојатно успеа во таквата намера, сега дозна дека тоа ќе го чини навистина скапо.
НБА лигата објави дека фанот добива доживотна забрана за присуство на било кој натпревар во најсилната кошаркарска лига во светот, а истото важи и за уште еден фан кој имал неуспешен обид да влета на теренот.
Обезбедувањето брзо реагираше и не му дозволи на фанот на Сан Антонио да има поблизок контакт со Вемби, кој исто така остана прилично збунет во целата ситуација
– Никогаш не сум бил во таква ситуација, навистина не знаев како да реагирам и како да се однесувам. Бев изненаден исто како денот кога се бркаше лилјак во салата пред две години, – изјави вчера Вембањама.






