Руни си ја призна грешката: Бев скептик за најдоброто засилување на Јунајтед по ерата на Фергусон

Дерби

03/06/2026

07:57

505

Големина на фонт

а а а

Бруно Фернандеш пристигна во Манчестер Јунајтед во 2020-та година и оттогаш прерасна во вистински лидер на тимот, а низ текот на годините се стекна и со улогата на капитен.

Португалскиот репрезентативец сезоната ја заврши со апсолутен рекорд и стана играч кој забележал најмногу асистенции во една сезоната во Премиер лигата (21), па бидејќи со тоа само ја потврди својата класа, играчот за врска сосема оправдано добива пофалби од легендите.

Вејн Руни е еден од оние кои не веруваа дека Бруно ќе има големо влијание врз играта на Јунајтед пред шест години, но сега отворено признава дека погрешно го проценил Португалецот и дека неправедно бил скептик за неговиот трансфер од Спортинг Лисабон.

– Ако реално говорите за Манчестер Јунајтед, ќе кажете дека Бруно е најважната алка во тимот, играч кој ги прави останатите далеку подобри. Има квалитет кој ги прави другите подобри, тоа е одлика на врвните фудбалери. Најдобрите играчи ги прават другите подобри, едноставно прават другите да веруваат во тоа што тој го замислил.

– Бруно постави свои стандарди во Јунајтед, некои го критикуваат поради тоа што им вика на соиграчите, но тоа е неговиот карактер и така прави играчите да бидат на готовс. Ако бидам најискрен, ќе кажам дека ме изненади. Бев скептик на почетокот, не бев сигурен околу неговите квалитети. После тоа, добив инсајдерски информации од Дарен Флечер и тој ми кажа дека станува збор за извонредно квалитетен фудбалер. Оттогаш го променив мислењето за него и кога го сретнав во живо, навистина беше брилијантен. Тој е вистински лидер, постојано мисли на фудбалот и го сфаќа максимално сериозни. Тој секогаш сака да се подобрува и навистина ви треба таков играч во вашиот тим, – вели Руни.

season’s Champions League.