Арсенал заработи многу критики поради својот стил на игра во финалето на Лигата на шампионите, а во тој „хор“ се приклучи и Кристоф Дигари.
Поранешниот француски репрезентативец кој е редовен стручен коментатор во емисијата на Жером Ротен, истовремено е познат и по бруталните анализи и коментари за актуелни фудбалски теми.
Дигари во тој стил го прокоментирал и поразот на пенали на премиерлигашот во дуелот со ПСЖ.
– Задоволен сум од епилогот, Арсенал е и ќе остане најголем европски клуб без освоена титула во најважното натпреварување.
– Нивниот план беше јасен уште од почетокот на натпреварот. Не направија ништо, се обидуваа да задржуваат време, тоа беше негледливо и невкусно. Она што ќе беше најстрашно за фудбалот е што ќе создадеа илузија дека може да се освои Лигата на шампионите со таков настап, затоа и сум среќен што извисија.
– Ако сакаат еден ден да станат европски шампиони, тогаш нека почнат да играат фудбал. Ова не е Арсенал, тоа е клуб со богата историја, не смеат ни да помислат да играат на ваков начин. Ќе беше скандалозно ако го освоеја трофејот на начинот на кој што се обидоа, – рекол Дигари.







