Болоња потврди екс белгиски селектор на тренерската позиција

Дерби

02/06/2026

15:44

194

Големина на фонт

а а а

Болоња во новата сезона отвора нова ера поради заминувањето на досегашниот тренер Винченцо Италијано, а креатор на новиот бран на „Ренато Дел Ара“ ќе биде Доменико Тедеско.

Поранешниот белгиски селектор денеска е потврден од Болоња како нов тренер и наследник на Италијано, а потпишал договор до 2028 година.

Тедеско е роден во Италија, но пораснал во Германија, каде ја започна и тренерската кариера, а преку Оје и Шалке 04, работеше и во Спартак Москва, РБ Лајпциг и Фенербахче, каде доби отказ пред крајот на последната сезона.

Во досегашната кариера Тедеско има освоено два трофеја, еден во германскиот Куп со Лајпциг и турскиот Суперкуп до кој стигна со Фенербахче.