Финансиската моќ на премиерлигашките клубови им овозможува секое лето да ангажираат атрактивни и скапи засилувања, но платената цена не секогаш го одредува начинот на кој ќе помине сезоната за новите аквизиции.
Премиерлигашките фанови и годинава бираа најдобар трансфер во Премиер лигата и интересно најмногу гласови освоил Манчестер Јунајтед и тоа поради трансферот на голманот Сен Ламенс.
Белгискиот голман конечно донесе пристојно, постојано и квалитетно решение за голманската позиција кај „црвените ѓаволи“ и Ламенс експресно се зацврсти во првиот тим, каде се чини има долга иднина.
23-годишниот голман дојде од Антверпен за сума од 21 милион евра, имаше осум натпревари без примен гол, а противниците го совладаа 39 пати на 32 натпревари.
Ламенс победи во оваа категорија пред трансфери како тој на Ѓокереш во Арсенал, Жоао Педро во Челси, Шерки и Семењо во Сити и други.







