Освои 6 милиони евра на лотарија, но никогаш не ги подигна: Еве што се случува во вакви ситуации, ќе се шокирате!

Точка

02/06/2026

17:09

652

Големина на фонт

а а а

Белгиец кој освоил 6 милиони евра на лото, привремено ги променил правилата на оваа игра на среќа.

Човекот кој во Белгија освоил 6 милиони евра на лото никогаш не се појавил за да ја подигне добивката.

Поради тоа, Националната лотарија на Белгија објави дека почетниот лото џекпот ќе биде зголемен – наместо 1 милион евра, од 1 јули до крајот на годината ќе изнесува 1,5 милиони евра.


Оваа привремена мерка се воведува затоа што добитникот не ги подигнал 6-те милиони евра што ги освоил на 31 декември 2025 година.

Иако не е невообичаено Националната лотарија да враќа помали износи од неколку или неколку десетици евра затоа што добитниците ги заборавиле, изгубиле или не ги провериле своите тикети – што на годишно ниво изнесува околу 4 милиони евра – исклучително ретко се случува џекпот од 6 милиони евра да остане неподигнат.


Сепак, токму тоа се случило по извлекувањето на новогодишното дополнително лото. Лицето кое го валидирало својот тикет во Бланкенберге никогаш не се јавило за да ја преземе добивката од организаторот на игрите на среќа.

Сега Националната лотарија одлучи овој износ повторно да го врати во игра во претстојните извлекувања на лото, почнувајќи од ова лето. Веднаш штом ќе биде освоен џекпотот, следната главна награда ќе изнесува 1,5 милиони евра, наместо досегашниот 1 милион евра.


Организацијата воедно ги потсетува играчите секогаш да ги проверуваат своите тикети, без разлика дали тоа го прават онлајн или на физичко продажно место, пренесува „RTL.be“.