[ФОТО] Кога легендата слави 100-ти роденден, го облекува своето најдобро „одело“

Точка

01/06/2026

09:41

396

Големина на фонт

а а а

„Maserati GT2 Stradale“ доби специјални бои по повод 100 години тркачка историја.

„Maserati“ претстави специјални верзии на моделот „GT2 Stradale“ за да одбележи два големи јубилеи – 100 години од заштитниот знак Трозабец и еден век од првиот настап на марката во автомобилските трки.

Специјалните графики и бои се инспирирани од легендарниот модел „Maserati 250 F“, еден од најпознатите болиди во Формула 1 од педесеттите години на минатиот век.


Овој автомобил освои две шампионски титули со Хуан Мануел Фанџо, а зад неговиот волан седеле и великани како Стирлинг Мос и Марија Тереза де Филипис.

Новата графика е развиена во рамките на програмата за персонализација „Maserati Fuoriserie“ и ќе биде достапна на тркачкиот модел „GT2“, но и на патната верзија „GT2 Stradale“, нагласувајќи ја врската помеѓу тркачката патека и јавниот пат.


„Maserati“ за време на отворањето на сезоната во „GT2 European Series“ на патеката Монца ќе настапи со пет тркачки автомобили, додека „GT2 Stradale“ и оваа година ќе ја има улогата на официјално безбедносно возило (safety car) во шампионатот „GT World Challenge Europe“.

Сезоната започнува во Монца, а потоа караванот се сели на познатите патеки Спа-Франкоршамп, Мизано, Зандворт и Портимао.


Специјалните изданија на „GT2 Stradale“ претставуваат омаж на богатата тркачка историја на италијанската марка и нејзиното враќање кон корените што ја направија една од најпрепознатливите автомобилски компании во светот.