Италијанска легенда: Влаховиќ треба да му се оддолжи на Јувентус

Дерби

02/06/2026

13:36

246

Големина на фонт

а а а

Статусот на Душан Влаховиќ во Јувентус и натаму не е целосно јасен, односно српскиот напаѓач не донел конечна одлука дали ќе замине или ќе ја прифати понудата за продолжување на договорот со намалена плата.

Актуелното раководство одамна му соопшти на Влаховиќ дека не може да ги добие условите од досегашниот договор, односно 12 милиони евра по сезона, па останува нејасно дали Србинот ќе прифати да игра за помалку пари во Торино или ќе се одлучи за нов предизвик.

Легендарниот Марко Тардели смета дека Влаховиќ треба да остане и да му се оддолжи на клубот, бидејќи во минатото не беше на вистинското ниво и целосно не ги оправда очекувањата на фановите со својата форма.

– Според мене, тимот треба да се гради околу Влаховиќ. На крајот на сезоната повторно наликуваше на стариот Влаховиќ, потсети на препознатливата форма од минатото, во што му помогна и довербата која ја има кај Спалети.

– Ако замине тоа ќе биде голем удар за екипата, бидејќи не гледам играч кој може да ги надомести неговите квалитети. Истовремено, Влаховиќ мора да биде искрен и да признае дека изминатите години не беше „феномен“ како што навестуваше. Треба да му се оддолжи на клубот со прифаќање на новите услови, а ако довербата на Спалети не му е доволна, тогаш Јувентус треба да се збогува со него, – рекол Тардели.