Фудбалските фанови во Шпанија набрзо ќе можат да гласат за најдобрите одбрани на сезоната, а во потесен круг влезе и онаа на Столе Димитриевски против Севилја.
Македонскиот чувар на мрежата одигра извонреден втор дел од сезоната и дирекетно влијаеше врз опстанокот кој го обезбеди Валенсија со низа страшни интервенции, но една беше посебно добра.
Ла Лига објави дека одбраната на Димитриевски против Севилја влезена во топ 5, па фановите ќе можат да гласаат за Столе во изборот на сезоната.
Валенсија како клуб ја сподели оваа информација и уште еднаш ја прикажа бравурозната парада на Столе, кој за добар дел од навивачите на клубот, тој е и играч на сезоната поради влијанието кое го имаше од месец јануари наваму.
Димитриевски сочува „чиста мрежа“ и на мечот со Босна и Херцеговина кој се одигра во петокот, а денеска се очекува да има нов тест против Турција во Истанбул.







