Арсенал имаше шанса да стане седмиот англиски тим кој ја освоил титулата во Лигата на шампиони, но избраниците на Микел Артета останаа на дофат на таков успех и загубија во пенал рулетот со ПСЖ.
Парижаните ја освоија втората европска титула во низа и ја потврдија својата доминација со Луис Енрике како лидер на проектот, а конечно моменти на слава дочека и Насер Ал Келаифи, првиот човек на клубот кој со години редеше низа неуспеси во најелитното европско натпреварување.
Ал Келаифи после многу труд дочека генерација која доминира во европскиот фудбал, а покрај низата честитки кои јавно ги доби, има и една приватна која сега ја откри „Лекип“.
Угледниот француски медиуми обелоденува дека претседателот на ПСЖ добил честитка од легендарниот Сер Алекс Фергусон, кој во својата шампионска прослава ја исмевал играта на Арсенал.
Според информациите на „Лекип“, Ферги ја нарекол играта на Арсенал „досадна“, но и му нагласил на Ал Келаифи дека победил единствениот тим кој излегол да игра фудбал на теренот.







