Рафаел Леао најави заминување од Милан и тоа го направи пред да почне со главните подготовки за Светското првенство, тајминг кој за Фабио Капело е доста впечатлив и за него привлекува многу внимание.
Легендарниот италијански стручњак е уверен дека Леао го направил ова со јасна намера да го стави Милан во полоша ситуација на трансфер пазарот, бидејќи клубовите секогаш губат подобра почетна позиција кога нивните играчи искажуваат желба да си одат.
– Зборовите на Леао совршено ја прикажуваат неговата врска со Милан во овој момент. Тоа можеше да се забележи и со неговите изданија на теренот. Сегашните фудаблери не навикнаа да се однесуваат на овој начин. Леао испрати јасна и решителна порака, ми се чини дека стои стратегија зад тоа, веројатно договорена со неговите агенти.
– Тајмингот во кој го прави тоа за мене ја прави ситуацијата сомнителна. Кога фудбалер зборува со таа решителност, секогаш има понуда на маса. Проблемот е во тоа што со тој потег, тој му ја одзема силата на Милан во преговорите со било кој клуб.
– Леао е талентиран играч, во еден момент успеа да ги возбуди навивачите на Милан, ги натера и да се заљубат во него, но тој никогаш не созреа. Секогаш кога го гледав, ми изгледаше дека повеќе мисли на други работи, отколку на фудбалот. Би кажал дека никогаш не изгледаше фокусирано на теренот, – вели Капело.







