Артета објасни зошто Габриел беше петти пеналџија на Арсенал

Дерби

31/05/2026

09:27

414

Големина на фонт

а а а

Габриел беше еден од најдобрите поединци во финалето на Лигата на шампионите и воодушеви со сигурноста и авторитетот кој го нудеше на теренот, но на крајот бразилскиот стопер се претвори во трагичар во пенал рулетот кој заврши трагично за него и Арсенал.

Дефанзивецот ја заврши петтата серија и ја испрати топката далеку над голот на Сафонов, а со тоа означи старт на големото славје на играчите на ПСЖ.

„Светците“ втора година по ред ја освоија титулата во Лигата на шампиони и направија нешто што претходно го направи само Реал Мадрид, но во моменти кога се уште се прават анализи и се извлекуваат заклучоци за тоа што се случи во финалето, Микел Артета мораше да одговара за својот избор на пеналџии.


Добар дел од експертите останаа изненадени поради тоа што Габриел беше избран да ја затвори завршната петта серија, а Артета објасни како дошло до такво нешто.

– Габриел беше самиот кој се понуди и кој сакаше да го изведе петтиот пенал. Секако дека се подготвувавме и трениравме за ваква ситуација. Во нормални услови на натпревар, наши изведувачи би биле Сака, Одегард и Хаверц, тие би биле тројцата сигурни.


– Сепак, во вакви услови после 120 минути игра, знаевме дека пеналџиите ќе бидат други. Не е само Габриел, Езе со својот квалитет не промашува пенал на тренинзите, но друго е да шутирате во ваков момент. Немавме доволно среќа да бидеме ефикасни и прецизни како нив и тоа е единствената причина што не успеавме да победиме, – изјави Артета.