Луис Енрике му се извини на еден фудбалер на ПСЖ по триумфот во финалето

Дерби

31/05/2026

11:11

250

Големина на фонт

а а а

ПСЖ успеа да освои уште една титула во Лигата на шампионите под водство на Луис Енрике, а шпанскиот стручњак само го подобри ефектот и се зацврсти меѓу најуспешните тренери во најелитното европско натпреварување.

Но, тоа не значи дека популарниот „Лучо“ ќе го промени начинот на однесување и своите принципи, па уште на првата прес-конференција решил да му се извини на еден свој фудбалер.

За многумина неочекувано, но Луис Енрике јавно му се извинил на Ворен Заир-Емери, кој според него заслужил да биде дел од големото финале во Будимпешта.

Французинот доби минутажа само во продолжението, но и многу комплименти од својот тренер по шампионското славје.

– Воопшто не бев фер со Ворен, тој заслужи да биде стартер во финалето.

– Но, покажа каков карактер е, ја прифати одлуката без проблем и мора да го истакнам тоа. Во минутите кои ги доби на теренот докажа дека е голем професионалец и специјална личност, – рекол тренерот на ПСЖ.