Англиски новинар го откри работното место од соништата на Гвардиола: На ова треба да се обрати внимание

Точка

29/05/2026

11:37

1.094

Големина на фонт

а а а

Пеп Гвардиола наводно им се доверил на блиски луѓе дека во иднина би сакал да ја преземе англиската репрезентација. Тоа го направил само неколку дена откако го напуштил Манчестер Сити, клуб со кој за десет години освои 17 трофеи, пренесуваат англиските медиуми.

Новинарот Џек Гоган, кој за „Daily Mail“ го следи „Сити“, за „Sky Sports“ изјави:

„Мислам дека повеќе нема да го гледаме во клупскиот фудбал, иако е познат по тоа што знае нагло да го смени мислењето. Пред неколку дена, додека се збогуваше со навивачите во Манчестер, неговата најстара ќерка објави нешто на ’Instagram‘. Не пишуваше само за ’Сити‘, туку за фудбалот во минато време, што звучеше како проштално писмо.“

„Сепак, на своите пријатели им рекол дека во иднина би сакал да ја води Англија, па ако околностите се поклопат, тоа е нешто на што треба да се обрне внимание“, додаде тој.


Пречки на патот до англиската клупа

И претходно се шпекулираше дека Гвардиола сака можност да се бори за светска титула, откако во клупската кариера освои речиси сè што можеше да се освои.

Со „Манчестер Сити“ освои шест титули во Премиер лигата, вклучувајќи и четири по ред, а со Барселона и Баерн Минхен по трипати беше шампион на Шпанија и Германија.


Сепак, трикратниот освојувач на Лигата на шампионите сè уште не се испробал како селектор на големо меѓународно натпреварување.

Доколку е заинтересиран исклучиво за клупата на англиската репрезентација, Гвардиола ќе мора да биде трпелив, потсетуваат медиумите.

Актуелниот селектор Томас Тухел во февруари потпиша нов договор кој го врзува за оваа функција до Европското првенство во 2028 година.