Специјализираниот портал „Finance Football“ објави податоци за платите на селекторите на репрезентациите кои ќе учествуваат на Светското првенство. Порталот состави листа од 26 најплатени тренери.
Интересно е што дури 22 селектори на репрезентации имаат годишна плата поголема од еден милион евра.
Најплатен меѓу нив е Карло Анчелоти, за чии услуги репрезентацијата на Бразил издвојува дури 10 милиони евра годишно.

На второто место се наоѓа селекторот на Германија, Јулијан Нагелсман, со седум милиони евра годишна заработка. Еден милион помалку заработува Маурисио Покетино, селекторот на САД, додека четврти на листата е Томас Тухел, кому Англиската фудбалска асоцијација годишно му исплаќа 5,8 милиони евра.
По четири милиони евра годишно заработуваат Роберто Мартинез на клупата на Португалија и Фабио Канаваро, селекторот на Узбекистан.

Селекторот на Франција, Дидие Дешамп, инкасира 3,8 милиони евра, додека по три милиони годишно заработуваат Роналд Куман на клупата на Холандија и Марсело Биелса, селекторот на Уругвај.
Селекторот на Хрватска, Златко Далиќ, се наоѓа на 21. место на оваа листа со годишна плата од 1,5 милиони евра.

Интересно е што нема официјални податоци за заработката на селекторот на фудбалската репрезентација на БиХ, но неофицијално Барбарез заработува околу 300 илјади евра годишно.
Целата листа што ја објави „Finance Football“ прочитајте ја ТУКА.










