[ВИДЕО] „Октоподот“ Столе во акција: Димитриевски ја заврши сезоната со страшна одбрана против Барселона

Дерби

24/05/2026

09:07

1.144

Големина на фонт

а а а

Столе Димитриевски брани во страшна форма во вториот дел од сезоната во шпанската Примера, односно од првиот момент кога доби шанса редовно да го брани голот на Валенсија.

Македонскиот чувар на мрежата доби шанса поради повредата на Агиресабала и максимално ја искористи оваа прилика, па во завршницата од сезоната без никаков сомнеж беше еден од најдобрите поединци во тимот на Карлос Корберан.

Иако тренерот не му даваше шанса, во вториот дел од сезоната и самиот се увери дека Столе е врвен голман, а Димитриевски тоа го покажа со низа сензационални одбрани.

Валенсија не успеа да избори излез во Европа и покрај големата победа над Барселона во последната рунда, па иако конечниот резултат гласеше 3:1, пред последниот гол на Гвидо Родригез, претходеше страшна одбрана на Столе.

Димитриевски со неверојатен рефлекс спречи чист гол на Кристенсен за 2:2, а со тоа само покажа дека сосема оправдано стана недопирлив на голот на „лилјаците“.

Валенсија како клуб има клаузула да му го продолжи договорот на Димтриевски по крајот на оваа сезона, па во наредните неколку седмици се очекува да биде познато дали Столе ќе остане на „Месталја“, или ќе чека понуда од друг клуб како слободен агент.