Италијанците тврдат: Модриќ размислува за сценарио кое ќе ги растажи фудбалските фанови

Дерби

27/05/2026

12:57

204

Големина на фонт

а а а

Шокантниот пораз од Калјари во последното коло предизвика земјотрес во Милан и веќе клубот се огласи со брутално соопштение преку кое им врачи откази на Макс Алегри и уште тројца директори, но овој неочекуван епилог донел негативен ефект и врз размислувањата на Лука Модриќ.

Хрватот беше цврсто решен да остане во Милан и да игра фудбал во Лигата на шампиони со „росонерите“, но ужасниот крај на сезоната сега го одвдело да ситуација да прави радикален пресек.

„Газета дело Спорт“ прва излезе со информација дека Модриќ сега сериозно размислува да се пензионира, оваа вест ја пренсе и познатиот инсајдер Николо Шира, а во тој тек одат натписите и на угледниот шпански „АС“.

Според овие извори, Модриќ се повеќе размислува за сценарио кое ќе ги растажи фудбалските фанови, бидејќи по неуспешниот крај на сезоната во Милан, единствена утеха гледа во мундијалот кој следи.

Наводно, Модриќ во овој момент има во план да се повлече од професионалното играње фудбал по крајот на Светското првенство, бидејќи по разочарувањето со Милан, не пронаоѓа доволно мотивација да се натпреварува за тим кој нема да игра во најелитното натпреварување.

Хрватот во овој момент не е расположен за нова фудаблска авантура во својата кариера, па до пресврт може да дојде само ако Златан Ибрахимовиќ успее да го убеди и да го премисли во одлуката која сега му се врти низ глава.