[ВИДЕО] Новиот тренд на „ограничено користење телефони“ на свадби го подели интернетот: „Јас веднаш би го напуштила тој настан“

Точка

25/05/2026

15:17

1.757

Големина на фонт

а а а

Ако мислевте дека сте виделе сѐ — од свадбени торти на шест ката до младоженец кој пристигнува на коњ — пристигнува вест што или ќе ве воодушеви или ќе ве остави без зборови. На Инстаграм се појави реклама за специјални футроли за телефони, вистински мали „затвори“ за мобилни апарати.

Како функционираат? Лесно! Го ставате вашиот драгоцен мобилен телефон внатре, футролата се заклучува со таг како во бутик, и voilà! Можете да се јавувате, да се допишувате и да скролате, но фотографирање? Заборавете. Предната и задната камера се покриени, па ако се обидете да фотографирате, ќе добиете само заматена слика и сопствен одраз на егзистенцијална криза.

На крајот од свадбата, домаќинот со помош на магнет (истиот оној со кој во бутиците ги вадат безбедносните тагови) го ослободува вашиот уред и ви го враќа во полн сјај. Дотогаш уживајте без Инстаграм, филтри и панично позирање.

„Треба да постои и за базени!“

Интернетот, секако, експлодираше. Некои се воодушевени од идејата свадбите да бидат без фотографирање, додека други доживеаја културен шок.

Еден корисник веднаш предложи: „Треба да постои и за базени!“ што, рака на срце, и не е лоша идеја, со оглед на тоа што сѐ може денес да се види меѓу пешкирите и чадорите за сонце.

Друга корисничка вели дека е против телефони на прослави, но сака фотографии: „За мене користењето телефони би било непожелно, но сепак би сакала да се прават фотографии затоа што тогаш добиваш различни перспективи и фотографии од различни агли… Обожавам фотографија“.

Една корисничка се сети на својата свадба: „Толку многу се израдував на секоја фотографија што ни ја испратија нашите гости! Тие спонтани моменти се најубави! Кога не му позираш на фотографот, туку само се смееш и уживаш, тоа се спомени што остануваат засекогаш“.

Друга додаде: „Тогаш најдобро е воопшто да не се прави прослава“.

А една беше одлучна: „Јас веднаш би го напуштила таквиот настан“.


Во сауни — да, на свадби — не

Еден корисник напиша дека футролите за камери треба да станат задолжителни во сауни: „Мразам кога луѓето таму вадат телефони! Тоа не е пристојно и треба да биде забрането. Или барем оваа варијанта, но претходно камерата да се залепи со лента“.

Но, секако, во секоја расправа мора да постои и гласот на разумот: „Објасни ми само една логична причина зошто? Зошто гостите не би смееле да ги забележат убавите моменти со фотографија?“.

А некои, настрана од шегата, предложија и „алтернативни решенија“ — „Google“ очила со вградена камера.

Засега останува да видиме дали новиот тренд ќе стане задолжителна опрема на свадбите или само хит на социјалните мрежи. Но едно е сигурно — следниот пат кога ќе тргнете на прослава, можеби на влезот, наместо келнер, ќе ве пречека обезбедување со магнет и футрола за телефон.