Зошто хирурзите секогаш носат зелени или сини мантили? Студент ја открива вистинската причина

Точка

23/05/2026

15:52

1.211

Големина на фонт

а а а

Општо е познато дека хирурзите носат зелени или сини мантили, но повеќето од нас веројатно никогаш не се запрашале зошто ги носат баш тие бои. Ако сте се сретнале со лекари во болница или хирурзи, кога ситуацијата е итна, сигурно не сте помислиле зошто носат зелени или сини мантили.

Но, еден студент по урологија од Универзитетот во САД има одговор на тоа прашање. Имено, овие бои воопшто не се случајни, ниту заради естетика, туку имаат корисна намена. Студентот по урологија Хантер Нортон неодамна сподели видео на TikTok објаснувајќи зошто хорурзите се облечени токму во тие бои. Тој исто така навел зошто другите бои, како што е црвената, не доаѓаат предвид, пишува „Mirror“.

Ова е првенствено затоа што црвената е премногу слична на бојата на крвта, па затоа е потешко да се види во потенцијално опасни по живот ситуации - кога пациентот е на операционата маса.


„Ако имаме крв на црвениот мантил, мислите ли дека можеме добро да ја видиме? Плус крвта на светло сина или зелена боја не изгледа баш како крв, па затоа е помалку страшно“, објаснил тој.

Исто така, од психолошка гледна точка, зелената боја има смирувачки ефект, гледајќи ја зелената боја ги „одмараме очите“.