[ВИДЕО] Урнебесна сцена од гостиварско со два зајаци ги насмеа луѓето, коментарите не престануваат: „Сигурно се маж и жена; За женска се тепаат...“

Точка

24/05/2026

12:30

714

Големина на фонт

а а а

Во селото Куново, во општина Гостивар, деновиве главна тема на социјалните мрежи стана необично и забавно видео на кое се гледаат два зајаци како стојат исправени на задните нозе и меѓусебно се оттурнуваат, наликувајќи на вистински „бокс меч“ во природа.

Снимката, која брзо се прошири на интернет, предизвика лавина од реакции и хумористични коментари. Локалните жители со доза на шега ја објавиле со опис: „Нарушени меѓузајачки односи во селото“, а токму оваа духовита порака дополнително го привлече вниманието на корисниците.


На видеото може да се забележи како двата зајаци внимателно се доближуваат еден до друг, се исправуваат и почнуваат да се оттурнуваат со предните шепи, создавајќи сцена која многумина ја споредија со боксерски дуел. Коментарите под објавата се исполнети со смеа и шеги, а дел од корисниците напишаа дека „и зајаците очигледно имаат свои расправии“.

Иако ваквото однесување кај дивите зајаци не е невообичаено, особено во периоди кога се борат за територија или доминација, за многумина ова видео претставува ретка и симпатична глетка од природата.


Куново и претходно знаело да стане вирална тема на интернет, но овојпат токму необичната „расправија“ меѓу двата зајаци успеа да ги насмее илјадници луѓе на социјалните мрежи.