„US News“: Ова убедливо е најдобрата земја на светот!

Точка

23/05/2026

16:41

778

Големина на фонт

а а а

Нова листа креирана од „US News“ ги рангира земјите во светот врз основа на голем број фактори, а Швајцарија се најде на врвот на листата.

Прогласувањето на една земја за апсолутно најдобра во светот може да звучи малку претерано, но новото рангирање создадено од „US News“ се базира на прилично темелна анализа.


Стоте оценети земји, кои морале да исполнат критериуми како што се рангирање меѓу првите 125 земји на Индексот за човечки развој и истото за БДП, биле испитани во голем број фактори, кои најчесто спаѓаат во осум различни категории.

Тоа се: здравство, граѓанско здравје, култура и туризам, економски развој, управување, инфраструктура, природна средина и можности.

Земјата што го освои првото место на листата е Швајцарија, со вкупен резултат од 78,8. Управувањето било нејзината најсилна категорија, со совршена 100-ка за промена на режимот, политичко насилство (или негово отсуство) и стабилност на инфлацијата, како и речиси совршени 99,8 за економска разновидност.

Исто така, го освоила првото место во категоријата економски развој, како и второто место за култура, туризам и можности.

Второто место го освои Данска, која постигнала вкупен резултат од 77,2 и се покажала особено добро во категориите јавно здравје (прво место со 79,1) и инфраструктура (86,2). Третото место го освои Шведска, четвртото Германија и петтото Холандија.

Листата на првите 10 е составена од европски земји, додека Австралија е првата земја надвор од Европа што се најде на 14-то место.


Десетте најдобри земји во светот според „US News“ се:

🗸Швајцарија;
🗸Данска;
🗸Шведска;
🗸Германија;
🗸Холандија;
🗸Норвешка;
🗸Велика Британија;
🗸Финска;
🗸Луксембург;
🗸Австрија.