Реал Мадрид утре е домаќин на Атлетик Билбао, меч кој е последен за оваа сезона, но и меч кој ќе биде последен за тренерот Алваро Арбелоа на клупата на „кралевите“.
Арбелоа доби шанса да го води Реал во вториот дел од сезоната, да го наследи Чаби Алонсо, меѓутоа колку тоа беше вистинска одлука покажуваат резултатите кои велат дека клубот на крајот остана без ниту еден освоен трофеј.
- Се надевам дека е само „се гледаме подоцна“. Отсекогаш го сметав Реал Мадрид за свој дом. Со Реал Мадрид сум 20 години; тоа е мојот дом. Ова е мојот последен натпревар оваа сезона и не знам дали ќе биде последен во мојата кариера како менаџер на Реал Мадрид – никогаш не знаеме. Ќе се обидам да уживам во него. И сум фокусиран на победа“, рече Арбелоа кој подоцна потврди дека ќе си замине.
- Речиси сите ми помогнаа да пораснам како тренер и како личност. Имав односи со сите, имавме разговори, понекогаш се согласувавме, понекогаш не. Добрата работа е што бев таму каде што се тие, поминав низ тие ситуации, ги разбирам. Честопати, нивната перспектива е различна од онаа на тренерот. Полесно ми е да се ставам во нивна кожа отколку тие да се стават во мојата. Си заминувам со огромна благодарност; ме направија подобар човек, ме натераа да уживам во секој ден. Многу сум благодарен на клубот за можноста, си заминувам благодарен по овие осум години, оставајќи зад себе многу пријатели. Се надевам дека еден ден ќе можам да се вратам, - истакна Алваро кој отфрли сценарио да биде дел од стручниот штаб на Жозе Муруњо за кого се очекува да биде нов тренер на Реал.
- Не сум тука да зборувам за можности. Мурињо има фантастичен тренерски персонал; тој е многу добро поддржан. Ако дојде, ќе дојде со свои луѓе, како што треба да биде. Апсолутно нема шанси да бидам со него. Ги поминав овие последни четири месеци размислувајќи за Реал Мадрид; отсега па натаму, време е да размислувам за себе. Го направив скокот и се чувствувам подготвен за нови предизвици, - заклучи стручњакот.











