Јувентус ја губи битката за потписот на Силва, сега посакува двајца поранешни играчи на Милан

Дерби

22/05/2026

13:01

1.376

Големина на фонт

а а а

Медиумите најавуваа нов, освежен и квалитетен Јувентус за наредната сезона, но останува да се види дали и како ќе се реализираа овие планови откако екипата се лизна на табелата и постои сериозна можност да остане без пласман во Лигата на шампионите.

„Старата дама“ по киксот со Фиорентина падна дури на шестата позиција и сега ќе треба да чека многу работи да се поклопат, а тој воедно да слави над градскиот ривал Торино за да обезбеди топ 4 пласман што во моментов не изгледа реално ако се земе предвид екипите, ривалите со кои Милан, Рома па и Комо ќе играат во завршната 38. рунда.

Голема желба на „бјанконерите“ беше Бернардо Силва, калчолигашот беше спремен да издвои сериозна сума да пари за да го добие потписот на Португалецот, меѓутоа тој како што стојат работите е на пат за Шпанија и ангажман во Атлетико Мадрид.

Токму поради ова Јувентус размислува за други опции, алтернативе и според „Газета Дело Спорт“ тоа се двајца поранешни играчи на Милан.

Тоа се Тиџани Рајндерс од Манчестер Сити и Брахим Дијаз од редовите на Реал Мадрид. Рајндерс не се прослави во првата сезона во Сити и Јуве би можел да се обиде да го добие на позајмица со опција да го откупи договорот, ама проблематична е платата од 7 милиони евра.

Поевтина варијанта е Дијаз од Реал, офанзивец кој има договор со „кралевите“ до 2027 година. Тој беше дел од „црвено-црните“ од 2020 до 2023 година и многу добро му е познат италијанскиот фудбал.