Дембеле се огласи за повредата и за неговиот настап во финалето на ЛШ

Дерби

22/05/2026

15:09

230

Големина на фонт

а а а

Ова сезона на европската сцена ќе биде заокружена со големото финале на Лигата на шампионите каде силите ќе ги одмерат Пари Сен Жермен и Арсенал.

Финалето е закажано за 30 мај во Будимпешта, а до него премиерлигашот ќе има уште еден предизвик против Кристал Палас, додека „светците“ веќе можат максимално да му се посветат на тој натпревар.

И двете екипи имаа некои играчи за кои не се знае дали ќе бидат подготвени, а последната дилема, прашалник се појави за Усман Дембеле. Офанзивецот се повреди против Париз, ја напушти играта во 27 минута, но ако се суди по неговата изјава не се работи за ништо сериозно и тој 100 проценти ќе биде спремен за соочувањето со „топчиите“.

- Добар сум. Имав мал пех против Париз, но сум добро и ќе бидам подготвен за финалето. Дали ќе бидам 100% подготвен за финалето? Да, да, мислам дека е така, да, ќе бидам подготвен. Не се сомневам во тоа, се надевам дека ќе бидам на теренот на 30 мај.

- Имав толку многу мали стравови или поголеми повреди во мојата кариера, без разлика дали тука во ПСЖ или дури и претходно, особено со големите натпревари што доаѓаат, особено ова финале, што претпочитав да застанам и пред сè да не преземам никакви ризици, - порача Французинот.