Рафиња замисли идеално сценарио за завршницата на СП: Тоа би било неверојатно финале

Дерби

21/05/2026

12:15

274

Големина на фонт

а а а

Рафиња ја залечи повредата која ја заработи на последната репрезентативна пауза во месец март, па сега е подготвен за тоа што следи, односно Светското првенство во САД, Мексико и Канада.

Како еден од лидерите на Бразил, Рафиња се очекува да биде еден од највлијателните во тимот на Карло Анчелоти, а откако се дозна кои играчи ќе патуваат на мундијалот, ѕвездата на Барселона си посака и идеално сценарио за финалето.

Рафиња верува дека Бразил може да оди до самиот крај и дека може да се бори за титула, па според него, идеално сценарио би било она меѓу Бразил и Шпанија.

– Нејмар и Ламин Јамал веќе се договорија, склучија пакт за финале меѓу Бразил и Шпанија на мундијалот. Јас исто така го потпишувам тоа финале, би било многу добро да гледаме такви две велесили во финалето.

– Не би се грижел премногу за тоа кој би го чувал Ламин Јамал. Ние исто така имаме многу квалитетни играчи во нашиот тим. Би било навистина неверојатно и интересно да гледаме пресметка меѓу Бразил и Шпанија во финалето, – изјави Рафиња за „ТНТ Бразил“.